 |
|
Кафеаните му беа втор дом.
Или прв?
Знаеше во која кафеана
кога треба да биде и кое вино да го пие.
Знаеше дури и каква да биде чашата.
Знаеја и келнерите.
Но оваа вечер виде премногу
келнери и премногу кафеани.
Се чувствуваше како да има две сенки.
Конечно седна, ја подигна чашата
и се загледа во црвенилото на виното додека го пиеше.
Го потсети на карминот не неговата крагна.
Карминот секогаш беше тука,
а кошулите беа нови секој ден.
Карминот и виното беа црвени.
|
|