Не беа потребни зборови.
Таа не можеше да го смени
а тој не сакаше да биде сменет.

Му се допаѓаше животот
онаков како што тој сака да го живее.

Страста беше неговата најголема доблест.
Секоја страст по негово.

Не беше подготвен да го испушти
ниту најмалиот дел од својата слобода и душа.
А таа го знаеше тоа.
Затоа се согласуваа толку добро.

Денес ја делат истата страст
кон виното и животот по свое.

А утре...
здравје до утре