 |
|
Стана доцна.
Ја отвори вратата и се сети на минатата ноќ.
Се сети на скалите,
како тука за прв пат налета на него
во моментот кога се подготвуваше
да оди на прошетка низ паркот.
Тој само ја погледна како да знаеше каде оди.
Затоа и се сретнаа повторно во паркот.
Тој носеше две чаши во едната рака.
А таа носеше вино
како да претчувствуваше дека тој ќе дојде.
Виното беше црвено и смело. Од обајцата.
Ноќта го најави утрото.
Таа се разбуди доцна.
Отвори уште едно шише вино.
Излезе во ходникот и седна на скалите.
Тој може да наиде секој момент.
|
|