 |
|
Масата беше поставена до ѕидот
и на неа имаше се.
Седум видови леб,
ракчиња, кавијар, лосос,
поховано пилешко, мисирка,
месо од дивеч, пршута,
чаден свински врат, тартуфи и вргањи,
седум вида на салати,
девет типа на сирење и на кашкавал.
Имаше гауда, рокфор, моцарела, фета, брие...
Не можеше да избере.
Се беше толку перфектно зготвено.
И конечно се одлучи да започне
се тоа што е сигурна деко го сака во овој момент,
во било кој момент.
Стави вино во чашата и се опушти.
Знаеше дека ќе јаде храна
која што оди со нејзиното омилено вино.
Ги забележа слатките на една друга маса.
Но за другата маса, другпат.
|
|