 |
|
Сите го чекаа да се појави.
Масата беше подготвена.
Најразлични видови јадења, салати и десерти.
На средината на масата имаше вино.
Некој тропна.
Сите знаеја дека е тој.
Се појави на предната врата.
Наеднаш собата се закити со насмевка.
Наздравија во негова чест...
Помина долго време откако се видоа за последен пат.
Дали тој се изменил?
Поминаа долго време заедно на масата.
Разговорот го започна танцот со виното.
Тој беше истиот.
Смеа, радост и убави мисли.
Помина исчекувањето.
Тој конечно се врати.
|
|