Пролетта беше на прагот.

Таа ја сакаше многу.
Оваа година немаше со кој да ја сподели.
Со неа беше најверниот другар виното.

Понекогаш и со него ги делеше убавите моменти.
Но овојпат очекуваше да се појави некој на вратата.
Но залудно...

Пак му ги довери тајните на виното.
Но таа вечер виното и ја кажа својата тајна.

Легна на креветот и ги затвори очите.

Колку време помина?
Не многу.
Се слушнаа на предната врата. Таа ги осети.

Не ги отвори очите, но се насмевна.
Како ли ќе ги поминеше миговите сама?

Сега е време за нешто друго.
Нешто што ќе може да го сподели со сите.
А тоа е тајната на виното.