 |
|
Во отсуство на дијамантите
виното стануваше нејзиниот најдобар пријател..
А ова беше една од оние забави
на кои не познаваше никого.
Затоа пиеше вино.
Полесно ги запознаваше оние луѓе кои пијеа вино,
како неа.
Легна на троседот и ги опушти сите мускули.
Слушаше гласови кои се обидуваа да и прават муабет,
но неуспешно.
Слушаше одбројување.
Пред да ги затвори очите виде
удирање на чашите над нејзината глава.
Имаше нешто ново во сето тоа,
а и цела една година за да се сети што.
|
|