Тој беше освојувач.

Но овој пат беше на работ на пораз.
Таа не дојде оваа вечер.
Седна на столот замилслен.

Времето беше сончево на денот кога ја сретна.
Црвениот гердан мирно лежеше на нејзините гради.
Зема длабок здив и се спреми за нов поход.

Го зеде виното. Тргна кон нејзинот двор.
Неа ја немаше.

Небото беше полно со ѕвезди,
Мирисот на нејзиниот парфем беше насекаде.
Знаеше дека е блиску.

Но тој беше освојувач.
Ја најде во мислите и ја освои пак.

Во мракот ги осети ѕвоната на чашите.
Наеднаш осети нежен допир.
Не се сврте. Знаеше дека е таа.

Ова не беше негова победа.
Но затоа виното беше овде да триумфира.