 |
|
Ја остави чашата на подот.
Штотуку завршија со вечерата.
Тој беше одличен готвач.
А месото знаеше да го подготви на мал милион начини.
Исто толку жени најверојатно
ги пробале неговите специјалитети.
Зошто ли и кажа да седне
во белата соба со чаша црвено вино?
Тој се појави мокар на влезната врата.
Рече дека треба итно да излезе на кратко.
И еве се врати.
А таа не го тргна погледот од него.
Можеби требаше.
Почувствува дека чашата
не е онаму каде што треба да биде.
Неговиот поглед не покажа знаци на вознемиреност.
Поважни му беа моментите и луѓето.
Работите не му значеа ништо.
Затоа и беа мал милион.
|
|