Почетна

Македонија е земја позиционирана на југот на Европа, многу луѓе ја знаат како земја на сонцето, вечно сонце, дури и како место каде што сонцето свети на поинаков начин. Овде е местото каде се среќаваат медитеранската и континенталната клима проткајана со ветровите карактеристични за овој микро регион кои ги прават овие специјални вина. Овде е местото каде што виното ја започна својата приказна уште пред многу векови. Постојат малку места на земјината топка каде можат да се прават специјални вина со специфичен вкус, кои можат да го освојат светот. Македонија е една од тие.

Може ли да се измери колку сонце и напор е вложено во виното? Одговорот е не. Овде во Езимит Вино, вложуваме постојан, но секогаш мотивирачки напор, кој за нас е неосетлив се со цел да го наточиме во чаша духот и карактерот на ова поднебје. Секоја насмевка после конзумирање на нашите вина е бесценета награда и момент за кој вреди да се работи. Езимит Вино поседува приказна, свој пат и секое шише ја дели пасијата на македонската богата историја и традиција на правење на вино.