Историја на виното

 

Во старите времиња грозјето се сметало за еден од седумте дарови на природата по која била позната светата земја. И Македонија има богата винска традиција која започнува од времето на Филип II и Александар Македонски, кога виното се сметало како секојдневен напиток на кралското семејство. Традицијата продолжува за време на Римската Империја кога Македонија била еден од најважните региони во одгледување на грозјето во Империјата, а во време на христијанството виното влегува во многу црковни церемонии. Низ времето виното имало посебно влијание на културата на сите цивилизации. Од неговиот најран развој виното има посебно место во нашите обичаи, нашите прослави и собири како и во начинот на нашата исхрана. Култивацијата на виното постои низ целиот свет. Постојат многу малку региони на земјата на кои се одгледува добро вино. Македонија е еден од нив. Растот на популарноста на виното се совпаѓа со развитокот на западните цивилизации. Како што трговијата со вино напредувала и се проширувала така напредувал и се развивал и цивилизираниот свет.

Untitled-33232