Barrique wines

Вранец Барик

vranecbarriquepost

[like]

Ова вино е произведено од автохтоната македонска сорта на грозје Вранец. Направено е со процес на селекција на грозјето од најдобрите локалитети во лозјата. Бербата на грозјето е рачно од виновата лоза на која има максимум 3 грозда по лоза. Виното одлежува 12 месеци во квалитетни француски дабови бочви кои го интензивираат вкусот и даваат комплексност и вистински атрибути.

Бојата е интензивна со речиси непробојна гранит боја со изразена и целосно развиена пријатна миризба на зачинети тонови. Букето е особено изразено. На нос се чувствуваат пржени тонови на кафе, пушено суво грозје, шери арома и полусуво темно овошје. Вкусот е интензивен, кој е добар следбеник на мирисот, кој е целосен и добро избалансиран. Структурата на ова вино е посебна, телото исто така, крајот е траен кадешто повторно се чувствуваат пржените ноти на кафе. На крајот танините се слатко суви. Ова вино е подготвено за долги одлежувања.

Се служи со сите видови на црвено месо, дивеч, пушено пилешко, старо сирење, на температура од 16 степени целзиусови.