Нешто беше поинаку.
Можеби косата или тоа што го носеше.

Нешто ја правеше ситуацијата
поинтересна од вообичаеното.
Како да се гледаат првпат.

Ресторанот беше од оние мали интимни места
каде што сакаш да уживаш во храната,
виното и личноста спроти тебе.

Без погледи од страна.
А нејзиниот поглед кажуваше се.
Одново треба да ја заведе.

Виното ја започна играта
но тој мора да ја заврши.

Таа ја помрдна чашата
како да прави потег за мат.
Тој се наведна нанапред, а таа го прифати.

Погледи од страна не постоеја.
Па и да постоеја, таа ја водеше играта.