|
Добредојдовте
Македонија е земја со сопствен квалитет на живеење и животен стил кој го разбира уживањето во мали но многу важни работи кои го прават животот.
Кога биле запрашани славните сликари кои ја посетиле Македонија: Што е тоа по што толку ја почитуваат оваа зeмја?, тие одговориле: „Овде сонцето свети толку убаво, но и различно од било каде на светот“. Ова е причината зошто Сонцето, преточено во винските чаши, има различен и уникатен вкус.
Затоа ние во Езимит вино одлучивме да му дадеме на остатокот на светот можност да го почуствуваат сонцето и традицијата преточени во виното.
Езимит вино е дел од македонската приказна за вино, почитувајќи ја многувековната традиција на правење на вино. Легендата за овие вина е жива многу векови. Вината ја содржат аромата на југот и вкусот на песна и радост. Од овде вината го започнуваат патот низ светот. Оваа земја и сонце, ова небо ќе останат овде да ја чуваат нивната тајна...
|